Младиот фудбалер на Ајакс од среден ред во јули 2017 година на една пријателска средба против германски Вердер Бремен во Австрија, доживеа срцев удар при што претрпел и сериозни оштетувања на мозокот.
Брат му, кој редовно ја информираше јавноста за состојбата на Нури, синоќа изјави дека Абделхак веќе не е во кома и дека комуницира поместувајќи ги устата и веѓите.
Одамна не бил дома, ама сега кога се врати, се чувствува подобро отколку во болница.
Апи веќе не е во кома, се разбуди. Спие, јаде, кива, подригнува. Но не станува од кревет, прикован е за него и се уште многу зависи од нас. Во најдобри денови Абделхак може да збори, например да ни одговара со прсти или со веѓи, но не му е баш лесно да го прави тоа. Тоа што едноставно е со нас, за него е спорт со најголемо достигнување.
Разговараме со него како да е здрав. Го вовлекуваме во свои разговори, гледаме фудбал и тој гледа со нас. Приметуваме дека му се допаѓа тоа, често изразува емоции, се насменува. И тоа е здраво, тоа не тера посебно да ја цениме неговата насмевка“, раскажал брат му Абдерахим.
Татко му изјавил дека сите поминале низ многу сериозно искушение.
„Мора да се грижиме за него за да му биде добро. Се трудиме и даваме сè од себе“, рекол татко му за холандските медиуми.
Младиот Абделхак Нури ги помина сите младински категории во најдобрата фудбалска школа на светот и стигна до првиот тим каде важеше за најголема надеж. Холандскиот клуб по немилиот настан во Австрија, неколку месеци подоцна призна дека немал адекватна лекарска помош на теренот во Австрија и дека ја прифаќа одговорноста.
Ајакс и навивачите на овој клуб го помагаат целиот процес на лекување на Нури, кој скоро извесно веќе нема да биде ист како претходно. 22-годишниот Нури не само што реагира на надворешни фактори, туку веќе може и да се качи во инвалидска количка и без помош.
Кога Ајакс го победи Јувентус во Лига на шампиони и кога Дони ван де Бек му даде гол на Јувентус, му го посвети на Нури:
„Видов на семафорот во тој момент кога дадов гол, видов дека е 34' минута. Просто знаев дека тоа не е случајност. Тоа беше многу посебно. Никогаш нема да го заборавам тоа“.