Ајакс редовно вади ретко талентирани фудбалери од својата школа, а генерацијата на Џастин Клајверт и останатите редовно се сеќава на нивниот омилен другар кого го поддржуваат во тешката животна состојба.
Во текот на секој натпревар сезонава, под дресот на својот Лас Палмас, Ганецот Боатенг ќе носи дрес посветен на младиот Нури чие оштетување на мозокот ја потресе Европа.
Откако клубот и најблиското семејство објавија дека младиот талент Абделхак Нури има сериозни оштетувања на мозокот и дека завршува со фудбалската кариера, неколку стотици навивачи на Ајакс се собраа пред домот каде живеат неговите родители и им пружија поддршка.
ОткакоАбделхак Нури падна во 72’ минута од пријателската Ајакс - Вердер, лекарите со хеликоптер го префрлиле во болница каде му констатирале тешки оштетувања на мозокот.