Кевин-Принс Боатенг не само што важи за еден од подобрите играчи кои настапувал во големи клубови ширум Европа, туку неброено пати покажал и дека е голем човек.
Тој е познат борец против расизмот и амбасадор на Обединетите Нации во борба против ширење на истиот во фудбалот.
Сега Боатенг повторно ја освои јавноста откако реши да му пружи поддршка на младиот Абделхак Нури, 20-годишен фудбалер на Ајакс кој на пријателската против Вердер Бремен во Австрија неодамна падна како покосен, со хеликоптер го префрлија во болница а таму му дијагностицирале крајно сериозни оштетувања на мозокот.
Абделхак Нури нема да може да препознава луѓе, да се движи, нема да може самостојно да јаде ниту пак да зборува.
„Решив да го носам дресот со твоето име под мојот дрес цела сезона. Сакам да ти изразам голема поддршка и се молам за тебе“, напиша Боатенг.