Славната историска 2010 година под водство на нивниот „татко" Мурињо кога стигнаа до тројната круна се само слатки спомени за Интер и нивните навивачи. Вчерашниот пораз од Лацио на домашен пораз на „Нероаѕурите" беше не само продолжување на кризата, туку и прелевање на чашката.
По дури 14 сезони екипата на Интер остана без пласман на европските првенства, нешто што најмалку го посакуваа Страмачони и навивачите кои пред вчерашниот меч против Лацио целата трибина ја пополнија со транспаренти на кои беа поставени 12 прашања за претседателот Морати од кого побараа одговорност за слабите резултати.
Интер кој во последните 9 сезони освои 15 трофеи, се наоѓа на 8 позиција на табелата со што ги загуби и шансите за Лигата на Европа. На последните 6 натпревари има 5 порази и е единствениот тим оваа година во Серија А кој примил гол на дури 17 средби.
Но бројките за составот на Страмачони се уште полоши, затоа се доближија до најнеуспешните сезони од пред повеќе од половина век. Оваа сезона тимот од Милано прими 52 гола, а најлошиот примат датира од далечните 1948 и 1950 година кога прими по 60 гола.
Вчерашниот пораз за Интер веше вкупно 15ти оваа сезона исто како и во 1947 година. Со оглед на тоа што до крајот на првенството остануваат уште 2 кола, „Нероаѕурите" за среќа нема да може да ја стигнат најлошата сезона 1947/1948 кога остварија рекордни 19 порази.
Згора на се Интер сезонава е и најмалерозниот тим во Серија, а по бројот на повреди е и единствената екипа во Италија со дури 1183 дена по ред во кои има повредени играчи. Само сезонава почнувајќи од летните подготовки евидентирани се вкупно 48 повреди.