Управата на Вердер Бремен го одбила барањето на навивачите на Ајнтрахт Франкфурт да им дозволи да внесат ксилофон на нивниот стадион за време на натпреварот кој се одигра викендов.
Како што е редот во германската Бундеслига, гостинските навивачи неколку денови пред нивното пристигнување, бараат дозвола од домаќините за предметите кои сакаат да ги внесат. Вердер им дал дозвола на навивачите на Ајнтрахт да ги внесат своите мегафони, знамиња и тапани, но не и ксилофонот.
Барањето било одбиено од страна на комесарот за безбедност на Вердер со објаснување дека големиот концертен ксилофон би ги попречувал излезите во случај на опасност.
Без помошта на ѕвечкањето на ксилофонот, фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт одиграа само 1:1 на гостувањето кај Вердер Бремен.