Со победата над Србија во квалификациите за пласман на Светското првенство, Македонија заработи 97 поени и со вкупно 431 поен од 104-та напредувавме до 83-та позиција.
Доколку успеевме да ја победиме и Хрватска, ќе заработевме 254 поени, што значи дека со вкупно 588 поени ќе направевме неверојатен скок до 50-то место на ФИФА листата.
Во моментов пред нас се репрезентациите на Ерменија, Северна Кореја, Тринидад и Тобаго, Ангола и Израел, а зад Македонија се Естонија, Јужна Африка, Оман, Уганда и Кина.
Репрезентацијата на Словенија со која ќе одиграме пријателски натпревар на 14 ноември имаше пад од 14 позиции и со 593 поени се наоѓа на 49-то место.
Сите конкуренти од квалификациската група А за Светското првенство во 2014-та година и натаму имаат далеку подобар пласман од нашата репрезентација. Најдобар рејтинг има Хрватска на 10-то место, следува Белгија на 20-та, Србија на 42-та, , Велс на 66-та и Шкотска на 70-та позиција.
На врвот на листата остануваат Шпанија и Германија, а на третата позиција сега е Аргентина. Следат Португалија, Италија, Англија, Холандија, Колумбија и Русија.