Вечерва против Стоук, Челси ако победи, ќе се одлепи повторно три бода во однос на Манчестер Сити, кој славеше во саботата. Се очекува Тибо Куртоа да започне на голот, иако Петр Чех е во добра форма, и Цезар Аспиликуета како лев бек наместо сè подобриот Фелипе Луис.
„Не ми е лесно, иако знам дека секој играч треба да биде спремен да се жртвува за екипата, да даде сè за тимот и да не биде себичен. Погледнете го Микел. Прв пат сезонава играше од почеток против Њукасл и беше наш најдобар играч. Како е можно фудбалер што не играл 3 месеци во првите 11 да биде најдобар? Можеби затоа што напорно работи секој ден, за да ја одржи формата. Дали е тажен и фрустриран? Можеби, но истовремено е и професионалец, а тоа го очекувам од сите фудбалери во составот“, вели Мурињо.
Тренерот на Челси изјави дека ќе го издиктира составот против Стоук пред самиот натпревар.
„Јас го составувам тимот и нема никакви објаснувања, затоа што е моја одлука. Играчите можеби ќе бидат незадоволни или нема да се согласуваат со одлуката, но знаат дека одлучувам без да фаворизирам или да казнам некој. Тоа им го кажав уште на почетокот на сезоната, дека не давам многу објаснувања. Може да дојдат кај мене во канцеларија и да ме прашаат што сакаат, нема проблем, но во соблекувалните не“, додава Жозе Мурињо.
Стоук и Челси играат вечерва од 21, на Британија стадионот. Во моментов, Челси има 39 бодови, колку што има и Манчестер Сити со натпревар повеќе. Трет е Манчестер Јунајтед со 32 бода.