
Откако Специјалниот реши да ја отстрани симпатичната Ева Карнеиро од лекарскиот тим за неделниот меч против Сити, полемиката меѓу него и лекарите во Англија сè уште трае.
Последен се огласи и Французинот со конгоанско потекло, Фабрис Муамба кој го потресе светот на 17 март 2012. година кога во 78 минута на мечот Тотенхем - Болтон доживеа инфаркт и остана да лежи на теренот. Муамба се повлече од фудбалот истата 2012. година на 15 август, а во јули годинава дипломирал на Факултетот за журнализам во Стафорд и сега соработува со БиБиСи.
„Сигурноста на фудбалерите е приоритетна. Кога еден фудбалер е повреден, лекарите се должни да му пружат помош. Ако некој лекар го слуша Мурињо, би можело да почине некој фудбалер“, прокоментира Муамба за ставот на Мурињо да ја острани Ева Карнеиро поради тоа што самоиницијативно влезе во теренот да пружи помош на фудбалер.
Брзата помош за Чех дојде за четири минути, а во минатото на стадионите во Англија немало коли на Брза помош. Девет години подоцна, светот се смени: Има амбулантни коли на стадионите, лекарите трчаат на теренот, а Мурињо се нервира поради тоа.