Малиот Рашфорд за рутински триумф на Јунајтед во Виго

Манчестер Јунајтед ја оправда фаворитската улога во првиот меч од полуфиналето на Лига Европа против Селта Виго и со поволен резултат ќе го чека реваншот на „Олд Трафорд“ за 6 дена.

СЕЛТА ВИГО - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 0-1 (0-0)
/Маркус Рашфорд 67’/

Во првиот полуфинален дуел во средата, Ајакс го згроми Лион со 4-1 и со една нога е пласиран во големото финале.