
Тренерот на Парижаните, Луис Енрике после мечот и победата против Сиетл Саундерс 2:0, зборувал за терените во САД каде следното лето ќе се игра Светско првенство.
„Сакам да истакнам, иако победивме, дека состојбата на терените на првенството е под нивото потребно за играње фудбал. Тревниците се далеку зад европските по квалитет. Топката по нив отскокнува како зајак. Сега игравме на терен кој порано бил вештачки а сега е природен. Тоа значи дека мора да се полива рачно но и да се суши за десетина минути. Тоа е очигледен проблем а не изговор. На терените какви што се овие на Светско клупско првенство во САД не можеме да играме на нивото на кое сакаме. ФИФА мора да поведе сметка за тоа. Не само за стадионите туку и за тренинг камповите. Не можам да замислам НБА терени со дупки, а ние овде играме на терени на кои топката повеќе делува како зајак отколку како топка. Ако мораме волку да критикуваме значи дека нешто мора да се смени“, рекол Луис Енрике.
ПСЖ против Интер Мајами во 1/8 финале ќе игра на 29. јуни во Мајами.