Осминафиналната фаза во најелитното клупско европско натпреварување стартува со средбите Селтик – Јувентус и Валенсија – Парис Сент Жермен. Сите четири екипи играат во одлична форма особено Јуве, Селтик и ПСЖ кој се лидери во своите првенства.
Шкотланѓаните ќе имаат тешка задача против актуелниот италијански шампион кој во групната фаза го елиминираше бранителот на титулата Челси, но „Селтик Парк" е тешка тврдина за освојување ако се земе предвид дека во последните 23 натпревари на домашен терен Селтик во групната фаза има само два порази, и тоа и двата од Барселона.
Овие два тима до сега се имаат сретнато само еднаш во Лигата на шампионите, а тоа се случи во групната фаза во 2001 година. Да се надеваме дека вечерва ќе го повторат тој ефикасен натпревар кој заврши со 4:3 за домаќините. Од оваа постава на „Старата дама" само Џиџи Буфон беше во составот на поразениот Јуве.
Селтик вечерва ќе има тешка задача повторно да го совлада тимот од Торино кој заедно со Борусија Дортмунд, Малага и Шалке немаат пораз во оваа сезона во Лигата на Шампионите.
Со тежок противник ќе се соочи и екипата од „Местаља" која ќе го пречека силниот состав на Карло Анчелоти кој со оглед на влогот има големи амбиции сезонава. Парижаните својата доминација веќе ја покажаа во домашното првенство со 6 бода разлика зад второпласираниот Лион, но вредноста на тимот мора да се потврди и на европската сцена.
Овие два клуба немаа досега одиграно ниту еден меѓусебен меч во Лигата на шампионите. Валенсија има одличен скор против француските екипи од 13 победи, 4 нерешени и само еден пораз. ПСЖ пак против екипи од Шпанија има 8 победи, 3 нерешени и 5 порази.
Валенсија вечерва го игра јубилејниот 50 натпревар во Лигата на Шампионите, а последниот пораз од француска екипа му се случи во сезоната 1979/1980 од тимот на Нант со 2:1. Од таа средба е непобедливава на наредните 17 натпревари во ЛШ. Традицијата ќе биде тешко да ја зачува затоа што се среќава со екипа која оваа сезона има примено само еден гол на европската сцена.
Биди дел од Offside лигата на Fantasy Football играта на УЕФА. Направи свој тим и покажи колку се разбираш во фудбал. За повеќе информации клик тука.