Сите знаеме за еден од најубавите голови во кариерата на Златан. Го даде пред 12 години, на 22. август 2004 година. И пред и после тој гол, Ибрахимовиќ даваше убави голови за сите екипи за кои играше.
Неодамнешниот премин во Манчестер Јунајтед не го измени Ибрахимовиќ. Тоа што Мурињо му е тренер значи дека ќе игра уште подобро.
“КОГА НИ ТРЕБАШЕ НЕШТО, ВЛЕГУВАВМЕ ВО ПРОДАВНИЦА И КРАДЕВМЕ“
Ако Златан дава големо интервју, дел од него сигурно ќе биде посветен на тешкото детство. Ибрахимовиќ е син на босански муслиман и Хрватка кои емигрирале во Шведска во ’70-те години. Златан е роден и пораснал во Розенгард, населба во Малме каде 80% од жителите се имигранти (многу од нив не работат) заедно со нивните деца. Шансите да се спасат од сиромаштијата за жителите на Розенгард не биле големи, колку што биле големи непријатностите во кои запаѓале.
Татко му на Ибрахимовиќ заминал од семејството кога Златан имал две години. По една исповед на фудбалерот, во домот често немало за јадење, па морал да краде. „Мајстор“ бил за велосипеди иако еднаш по грешка му го украл на тренерот и дошол со него на тренинг. Веднаш го фатиле, но тренерот одлучил да не го казни, затоа што му било многу смешно.
Покрај фудбалот и грабежите, Ибра се занимавал како мал и со теквондо. Фактот дека има црн појас во овој спорт е еден од најпознатите факти за него. На 10 години тренирал во детската екипа „Балкан“. Кога тренерот го ставил во игра во второто полувреме при резултат 0:5, на крајот тимот на Златан победил 8:5 а сите 8 голови ги дал токму Ибрахимовиќ.
„ЗЛАТАН НА ПРОБА НЕ ОДИ“
На 15 години Ибрахимович го потпишал првиот професионален договор со шведскиот клуб Малме и за три години стигнал до првиот тим. Во таа сезона, 1999. година Малме испаднал од елитното шведско првенство и тоа било катастрофа за најтрофејниот клуб во земјата.
Но во прва лига се враќаат за една година со 12-те гола кои ги постигнал Златан и тоа се сметало за фактор на успехот. Веќе било јасно дека преминот на Ибра во посериозен европски клуб е прашање на време. Главен претендент за него бил Арсенал.
Арсен Венгер тогаш го купил Фредрик Љунберг за 3 милиони фунти и не се покајал. Но со Златан не одело така лесно. Кога Ибра дознал дека Венгер пред секој договор сака играчот да дојде на проба, се откажал.
Покрај Венгер, Ибра го следел и главниот тренер на Ајакс, Лео Бенхакгер. Пресуден момент бил евроголот на Швеѓанецот против норвешкиот Мос на пријателска во Шпанија.
Во март 2001. година Златан станал играч на Ајакс кој за него платил 8,7 милиони евра.
„АКО МЕ ОБВИНИШ МЕНЕ УШТЕ ЕДНАШ, ЌЕ ТИ ГИ СКРШАМ ДВЕТЕ НОЗЕ“
Холандското првенство и посебно Ајакс е идеално место за млади таленти. Ако сте класен напаѓач ќе имате доволно можности да се докажете во помалку жестоки услови отколку во Англија, Италија или Германија. Ибрахимовиќ во потополност ја искористил ситуацијата, за три сезони постигнал повеќе од 50 голови и два пати стана шампион на Холандија. Покрај тоа се докажа и во Лигата на шампионите, каде на пример даде вакви голови против Лион:
Но Златан често ја покажуваше и темната страна на неговиот карактер. На 18. август 2004. година на мечот Шведска - дека Холандија, Златан намерно го повреди својот соиграч од Ајакс, Рафаел ван дер Варт на кого му згазна врз нога со отворен ѓон.
Холанѓанецот директно го обвини Ибрахимовиќ намерно го повредил, а Златан тврдеше дека немал намера и дека ниту судијата не видел никаков фаул.
Играчите пробал да ги смири тренерот на Ајакс, Роналд Куман но неговиот состанок со нив се завршил со зборовите: „Златан намерно ме повреди. -Не беше намерно и ти добро знаеш. Ако уште еднаш ме обвиниш ќе ти ги скршам двете нозе намерно.“
На 31. август истата година Швеѓанецот премина во Јувентус за 16 милиони евра (сегмент од таа приказна тука).
„Мурињо - човек за кого бев спремен да умрам“
Во Италија Ибрахимовиќ играше за Јувентус, Интер (после сезоната во Барселона) и Милан. Каде и да играше, се изнадава голови и освојуваше титули. Но две шампионски скудета со Јувентус не му се сметаат, затоа што Старата дама поради корупциски скандал за местење остана без пехарите и беше исфрлена во Серија Б.
Таму играа Дел Пјеро и Алесандро Дел Пјеро кои му помогнаа на Јуве да се врати во првата лига, но многу играчи се разбегаа по други лиги. Јувентус немаше недостиг на понудиво тој период.
Ибра набрзо со Патрик Виеира замина во Интер кој за Швеѓанецот плати 24,8 милиони евра. Три години играше Ибра на Меаца и тие три години му беа најдобри во кариерата. Играше кај Жозе Мурињо кој изгради однос со Златан од кој сите беа задоволни. Во својата автобиографија, Ибрахимовиќ го фали Мурињо и вели дека “Португалецот има големо познавање на фудбалот и способен е да работи 24/7 како и способноста за говор пред секој меч после кој играчите биле спремни да одат и да го кршат противникот“.
„Една работа ме вознемируваше: што и да направев, на неговото (Мурињо) лице не се покажуваше апсолутно ништо. Правев неверојатни работи, а тој имаше израз на лице како да е презафатен. Кога игравме против Болоња дадов спектакуларен гол кој подоцна го прогласија за гол на годината. Мурињо и тогаш стоеше со скаменето лице“, раскажува Ибрахимовиќ за Жозе.
Во автобиографијата Ибра ја опишува и тепачката со соиграчот Огучи Онијеву во Милан:
„Во Милан дојдов во 2010. година. Пред големото миланско дерби против Интер нивните навивачи очекувано ме пцуеа. На сето тоа имав проблеми и со Огучи Ониеву мојот соиграч. Тој беше Американец голем колку куќа. Му кажав на еден соиграч дека нешто сериозно ќе се случи. Како да претчуствував.
Ониеву изгледаше како боксер од тешка категорија. Беше висок и голем, но никогаш не можеше со мене. Ме обвини за озборување, но тоа не беше висина. Слушнав многу срања за мене низ годините. Му кажав да не зборува глупости за мајка ми, а тој продолжи. Во еден момент ми се закануваше со прст во око, а јас видов само црвено светло. Помислив ќе види копилето што ќе му направам.
Следниот пат имаше топка на тренинг, се залетав и со двете нозе остро стартував врз него, но ме виде и на време ме избегна. Кога станавме од земјата, оддеднаш од позади ме удри некој по рамето. Не баш добра идеа, Огучи Ониеву.
Го удрив со глава и се степавме. Беше брутално. Се удиравме со тупаници по земја. Бевме бесни и се тепавме како на живот или смрт додека не нè одделија. Во еден момент се случи нешто лудо. Ониеву почна да се моли на Бога со солзи во очите и се крстеше. Тоа го почуствував како провокација и уште повеќе збеснав. Ме сопреа соиграчите и мислам дека добро што испадна така, инаку ќе беше лошо. Подоцна цело време ме болеа градите а се испостави дека од таа тепачка имам скршено ребро.“, опишува Ибра во својата автобиографија.
„ТИВКИОТ И ДОСАДЕН ГВАРДИОЛА САКАШЕ ДА МЕ СКРШИ“
Ако соработката со Мурињо може да се смета за најуспешна, неговата работа со наставникот Хосеп Гвардиола во Барселона беше колапс. Златан, се разбира, го обвини тренерот кој на пример му забранил да доаѓа на тренинг со Ferrari и Porsche, туку морал со Audi со кој Барса имаше потпишано договор.
После еден од натпреварите кога Ибра влезе од клупата во последните пет минути, тој имал расправија со тренерот во соблекувалната, ги шутнал работите во шкафчето и зборувал гадости за Гвардиола. Тренерот излегол од соблекувалната без зборови.
Во летото 2010. година, Златан му се приклучи на Милан. Барса го купи него за 69, 5милиони евра (дел од трансферот беше и Ето), а го продаде за 24 милиони. Швеѓанецот во Шпанија даде 22 голови меѓу кои еден и против Реал Мадрид:
Во еден дел од автобиографијата, Ибрахимовиќ опишува и искуства со полицијата.
„Сакам коло, но понекогаш возам како манијак. Со другар ми еднаш излеговме на улиците низ Шведска со ново Порше Турбо. Стиснав на гас и возев 250 на час. Кога поднамалив слушнавме полициски сирени. Не можев да застанам да им се извинам и да останам без дозвола.
Полицијата тргна со четири коли по нас. Имав холандски регистерски таблички кои не можеа да ги познаат и возев скоро 300 на час. Виу-вито на сирените беше се подалеку и подалеку. Нè бркаа како на филм и возев брзо додека не исчезнавме. Друг пат немавме толку среќа. Возев со пријател на улиците во Малме каде стојат проститутки. Видовме една жена како влегува во кола кај муштерија и одлучивме да правиме циркус.
Стигнавме до нив и им реков: ’Полиција, горе рацете’!. Стариот беше преплашен и избега. Неколку минути подоцна се врати со полициска кола. ’Само се шегував. Полицајците се смееа, но еден фогограф наиде и нè сликаше. Каков идиот бев, набрзо ме ставија на насловна страна и може да претпоставите што се случуваше“, заклучува Ибрахимовиќ во овој дел од автобиографијата.