Јувентус против Симеоне во Шпанија, Пандев во Лондон

Втората вечер од 2.коло во Лигата на шампионите го носи кралскиот клуб во Софија каде Лудогорец ќе им се спротивстави на Роналдо и другарите.

АТЛЕТИКО МАДРИД - ЈУВЕНТУС (20:45)

 - На последните 6 средби на домашен терен минатата година, мадридскиот клуб победи на 5 а еднаш играше нерешено; На последните 17 натпревари во европските натпреварувања на „Висенте Калдерон“, Атлетико има само еден пораз од Рубин Казан во февруари 2013-та година.

- Во 9 натпревари против италијанските клубови, „јорганџиите“ имаат 6 победи и 3 порази, вклучувајќи ја и убедливата победа против Милан 4-1 минатата сезона;

- Јувентус ја почна сезоната во ЛШ со победа против Малме (2-0), а Торинезите имаат 6 победи на 6 натпревари од стартот на сезоната во сите натпреварувања;

- Јуве освоил само еден бод на последните 3 гостувања во Европа;

- Последен шпански противник на „бјанконерите“ им беше Реал Мадрид минатата сезона во групната фаза кога во Мадрид беше 2-1 за Реал а во Торино 2-2;

- Јувентус има негативен рекорд на гостувањата во Шпанија, каде има само 3 победи, 4 нерешени средби и дури 14 порази; Во главниот шпански град, во својата историја Јуве има 2 победи и 5 порази;

- Симеоне се враќа на клупата откако ја отслужи казната од еден натпревар на гостувањето против Олимпијакос;

- Марио Манџукиќ се врати во екипата, со бандажиран нос кој му беше скршен на дуелот во Пиреја;

 Mожни состави:

Атлетико Мадрид - Моја, Хуанфран, Миранда, Годин, Ансалди, Коке, Тијаго, Марио Суарез, Арда Туран, Раул Гарсија, Манџукиќ;

неизвесен: Габи (повреда на зглоб)

Јувентус - Буфон, Касерес, Бонучи, Киелини, Лихштајнер, Погба, Маркизио, Видал, Евра, Тевез, Љоренте;

повредени: Пирло, Барзаљи, Ромуло;

АРСЕНАЛ - ГАЛАТАСАРАЈ (20:45)

- Избраниците на Арсен Венгер по втор пат сезонава ќе играат против турски клуб, откако во плeјофот се судрија со Бешикташ;

- Францускиот тренер денес слави 18-години шеф на струката во Арсенал;

- Единствениот меѓусебен дуел на Арсенал и Галатасарај датира од сезоната 1999/2000, кога во финалето на УЕФА купот се сретнаа во Копенхаген, а Турците тогаш славеа со 4-1 на пенали откако мечот заврши без голови;

- Арсенал никогаш не загубил од турски тим во регуларните 90' минути, а во дуелите против екипите од Турција, „топџиите“ имаат 5 победи и 4 нерешени исходи;

- Галатасарај не победил ниту еднаш во досегашните 9 гостувања во Англија каде има 6 порази и 3 нерешени;

- Вицешампионот на Турција по 13-ти пат игра во групната фаза од Лигата на шампионите, во која само 5 пати не обезбедил пласман;

Можни состави:

Арсенал - Шчешни, Чемберс, Мертезакер, Кошелни, Гибс, Фламини, Санти Казорла, Озил, Окслејд-Чембрлејн, Санчез, Велбек;

повредени: Рамзи, Артета, Жиру, Монреал, Дебуши, Саного, Волкот, Гнабри;

Галатасарај - Муслера, Семих, Мело, Чеџу, Тарик, Селчук, Снајдер, Џемаили, Алекс Телес, Бурак, Олчан;

повредени нема

Лига на шампиони, 2 коло:

Група А: Атлетико Мадрид - Јувентус, Малме - Олимпијакос

Група Б: Базел - Ливерпул, Лудогорец - Реал Мадрид

Група Ц: Зенит Петерсбург - Монако (18:00), Баерн Леверкузен - Бенфика

Група Д: Андерлехт - Дортмунд, Арсенал - Галатасарај