Финалистот од ЛШ во 2013 година сезонава се бореше за опстанок, но тоа не се примети на стадион кај нивните навивачи кои го полнеа сезонава Сигнал Идуна парк на секој меч. Со 80.436 навивачи во просек по натпревар Борусија Дортмунд неколку години по ред има константно најмногу публика во Европа.
Втор во оваа конкуренција е тимот на Барселона кој ја освои Примера и обезбеди финале во Лига на шампиони против Јувентус. Каталонците на Камп Ноу просечно имаат по 76.227 навивачи.
Челси е шампион на Англија, Манчестер Сити има ултра богати газди, но нив ги нема на врвот. Трет најгледан клуб во Европа оваа сезона е Манчестер Јунајтед со 75.336 навивачи кои го полнат Олд Трафорд и покрај тоа што нивниот тим не е на потребното ниво.
Следува Реал Мадрид кој сезонава имаше фијаско бидејќи ги загуби трофеите на сите полиња со просек од 73.227 навивачи. Зад нив е германскиот првак Баерн Минхен кој на Алијанц арена имаше по 72.600 навивачи.
Во топ 10 листата се Шалке (61, 553), Арсенал (59, 996), Хамбург (52, 572), Олимпик Марсеј (51.966) и Њукасл (50.402).