Гвардиола бесен на лекарскиот тим, Рибери спречил тепачка

Шпанскиот тренер не можел да се помири со тоа што Баерн не влезе во финалето на ЛШ и после мечот со Атлетико им се сипал на лекарите кои според него биле виновни за неуспехот во Европа.

Ферски е да се каже дека Пеп Гвардиола од Баерн Минхен ќе замине со трескање на вратата.
 
Поранешниот тренер на Барселона имаше многу успешен период во Германија, но кога стана тренер на Баварците беше свесен дека седнува на клупа која освојуваше трофеи и пред него, па Пеп понесе голем товар на рамениците.
 
Гвардиола освои домашни трофеи со клубот од Минхен, но свесен е дека заминувањето од Баварија ќе биде одбележено со три полуфинални испаѓа од ЛШ по ред. Три години Баерн не може да го направи финалниот чекор а Гвардиола и претходно со Барса испадна во полуфинале пред да замине во Германија. Сезонава на патот им застана Атлетико Мадрид со Диего Симеоне. По мечот, Гвардиола бил бесен, а германскиот весник Билд денес пишува дека имало гласна расправија во соблекувалната на Баерн.
 
Најпродаваниот весник во Европа на својата насловна страна објавува дека караницата во соблекувалната била толку голема што е извесно дека избил скандал. Гвардиола во минатото го напаѓаше Ханс-Вилхелм Милер Волфхарт долгогодишниот лекар на Баерн Минхен кој замина од клубот откако Пеп цело време го испрашувал. 

Овој пат Гвардиола и неговиот помошник Манел Естуарте му се пуштиле на лекарскиот тим. Пеп се бунел како тоа лекарите на Атлетико брзо го приспособиле повредениот Диего Годин, а тие не можат со играчите на Баерн така. Естуарте бил понападен и ги навредил лекарите.
 Еден од физиотерапевтите им одговорил: „Не можеш да зборуваш така, не смееш. Ги имаше сите играчи на располагање освен, сите освен Робен и Бадштубер“, пишува Билд.
Весникот додава и дека Франк Рибери морал да интервенира, затоа што работите излегле од контрола и малку фалело да избие тепачка. За среќа по едните и по другите, по завршувањето на тековната сезона, Гвардиола заминува во Манчестер Сити, а нов тренер на Баерн Минхен ќе биде Карло Анчелоти.