
Роберт Грин, Крег Гордон и Џон Руди ги изненадија навивачите на Челси, откако се најдоа на листата потенцијални засилувања на клубот.
Петр Чех собра 12 медали во дресот на Челси, а последниот медал го стави околу вратот во неделата, кога застана на голот во триумфот над Тотенхем во Лига Купот. Тимот од Лондон неколку пати се обиде да го задржи чешкиот голман и сигурно е дека ќе пробаат да го убедат да остане и следната сезона.
Сепак, како Тибо Куртоа (22) важи за прв и стандарден голман, извесно е дека Чех ќе си замине во јуни. За него се заинтересирани пред сe Арсенал, Ливерпул, Рома, ПСЖ и Монако, екипи кои се надеваат дека ќе го добијат Чех кој би го напуштил Челси после цели 11 години во клубот.
Челси и Мурињо немаат никаков проблем со возраста на голманите, па така во 2013. година го ангажираа 40-годишниот Марк Шварцер кој дојде како слободен голман. На Фридел му истекува договорот со Тотенхем на крајот од сезоната, а тој сигурно не би пропуштил прилика пред пензијата да освои некој трофеј.
Сезонава нема ниту еден настап за Спарси, затоа што е трет голман, зад Иго Лорис и Мишел Ворм. Марк Шварцер го напушти Челси и замина како слободен играч во Лестер Сити во јануари. За Челси бранеше на 12 натпревари, меѓу кои и полуфиналните дуели против Атлетико Мадрид во ЛШ лани.
Џамал Блекмен во моментов е трет голман на Челси, но сe уште нема деби за првиот тим.