Третите голмани тренираат регуларно со екипата и патуваат на натпреварите, иако знаат дека нема ама баш никакви шанси да застанат на голот. Тоа се случува само во ретки случаи кога тимот има криза со повредени голмани.
Американскиот ветеран Бред Фридел се споменува како еден од кандидатите за замена на Петр Чех, по неговото извесно заминување од Стемфорд Бриџ летово.