Цело богатство за Реал-Јунајтед

Навивачите на Реал Мадрид преку социјалните мрежи го изразија своето незадоволство заради високите цени на влезниците за натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед. Најевтиниот билет во Мадрид чини колку најскапиот во Манчестер.

Челниците на Реал Мадрид ги налутија своите навивачи со цените на влезниците за натпреварот од Лигата на шампиони кој на 13 февруари ќе се одигра на Сантјаго Бернабеу.

Најевтината влезница за натпреварот во Мадрид чини 70 евра, а за истата цена на Олд Трафорд ќе ја добиете најскапата влезница за реваншот на 5 март.

За 70 евра на Сантјаго Бернабеу ја добивата најлошата положба на трибините зад головите, а за нормалните трибини влезниците ќе чинат 235 евра.

Најскапите влезници во Мадрид чинат 600 евра, а навивачите на Реал за 516 евра можат да си уплатат дводневно патување во Манчестер, плус влезница за реванш натпреварот.