Барселона води и на Фејсбук

Барселона и Реал Мадрид водат вечна битка на фудбалските терени, но тие сега се борат и за фанови на Фејсбук. А таму, исто како и моментално на табелата во Шпанија, Барселона има голема предност.

Сигурно не е доволно за утеха за загубената титула, но Барселона може да биде горда за доминацијата на Фејсбук. Каталонците се лидери помеѓу фудбалските клубови со 35 милиони фанови на оваа социјална мрежа.

На втората позиција според бројот на фанови е Реал Мадрид со 31,6 милиони, но нивниот најдобар играч, Кристијано Роналдо има најголем број на обожаватели помеѓу фудбалерите. Тој дури има повеќе фанови и од неговиот клуб - 48,3 милиони.

Повеќе фанови од својот клуб има и Лионел Меси. Тој е втор најпопуларен фудбалер со 38 милиони фанови. Помеѓу најпопуларните фудбалери се и Дејвид Бекам со 20,9 милиони и Кака со 18,3 милиони фанови.

Трет најпопуларен фудбалски клуб на Фејсбук е Манчестер Јунајтед со 27,3 милиони фанови, а далеку зад водечката тројка се Челси со 12,1 милиони фанови, Милан со 11,6 и Арсенал со 11,3 милиони фанови.

12 септември 2012 - 21:02