Барса подобра од Валенсија, конечно победи и Реал

Барселона ја забележа и третата победа во серија откако минимално ја совлада Валенсија и ја одржа предноста од пет поени пред Реал Мадрид чии фудбалери ја прославија првата победа по три одиграни кола.

Реал Мадрид киксна против Валенсија, но истата грешка не ја направија фудбалерите на Барселона.

Валенсија имаше свои шанси на овој натпревар, но сепак Барселона доминираше, а одлучувачкиот гол беше постигнат во 23-та минута. Тоа беше вистинско ремек-дело од Адриано кој ја затресе мрежата со шут од далечина во спротивниот горен агол.

По двата кикса во првите две кола, фудбалерите на Реал Мадрид славеа рутинска победа на Гранада.

Резултатот го отвори Кристијано Роналдо со одличен погодок од мртов агол низ нозете на голманот на Гранада, а истиот фудбалер зголеми на 2:0 на почетокот на второто полувреме. Конечните 3:0 ги постави Игуаин во 76-та минута.

ПРИМЕРА 3. КОЛО

сабота:
Сарагоса - Малага 0:1 (0:0)
Камачо 56

Селта - Осасуна 2:0 (0:0)
Аспас 69, Бармехо 90

Ла Коруња - Хетафе 1:1 (1:1)
Рики 6 - Барада 26

Мајорка - Сосиедад 1:0 (0:0)
Виктор 76

недела
Рајо Ваљекано - Севиља 0:0

Атлетик Билбао - Ваљадолид 2:0 (0:0)
Адуриц 69, Суасета 75

Леванте - Еспањол 3:2 (0:2)
Хуанлу 54, Лељ 56, Родригез 90+2аг - Лонго 21, Техера 25

Реал Мадрид - Гранада 3:0 (1:0)
Роналдо 26, 54, Игуаин 76

Барселона - Валенсија 1:0 (1:0)
Адријано 23

понеделник:
21.30 Бетис - Атлетико Мадрид

2 септември 2012 - 23:50