Ако се погледне прецизниот германски Tranfermarkt, Баварците за трансферите на 11 првотимци потрошиле 116 милиони евра. Со резервите на клупата, вкупно 191 милион евра - отприлика онолку колку што ПСЖ даде за Нејмар.
Луѓето од управата на Баерн често потенцираат дека нивниот клуб троши помалку од останатите топ клубови. И во право се.
Во последните 20 години Баерн Минхен на трансфери на нови играчи потрошил 1,04 милијарди евра. Тоа е дури 16-ти показател во Европа! ПСЖ за споредба потрошил пола милијарда евра, а лидери по трошоци се Челси, Реал и Барселона кој ја надминале сумата од 2,1 милијарда евра!
Баерн Минхен во принцип не троши големи пари, за тоа најзаслужен е внимателниот однос на поранешниот претседател на клубот Ули Хенес. Тој одговарал за наследството на клубот.
Додека другите топ клубови од Европа го обновуваа составот, за повеќе од 2 години најголем трансфер на Баерн Минхен беше Корентин Толисо - платен 41 милион евра.
„Гледајте, Роналдо има 33 години а вреди 100 милиони евра! Јас би покрил очи на таа сума само ако имаше 24 години“, рекол еднаш Ули Хенес.
Во 2019-та година на негово место седна посовремениот Херберт Хајнер, поранешен CEO на Адидас при кој брендот активно се проби во Америка и успеа да се мери со Најк на негова територија (например го истиснаа Најк од NHL лигата).
Карл-Хајнц Румениге е вториот човек во хиерархијата на Баерн, тој е помалку конзервативен и спремен да троши многу но исто преферира да живее „колку што му е чергата“.
Само за споредба, неговата реченица од 2013-та („Баерн не троши пари на фудбалери ако нема пари. Ние го донесовме Хави Мартинез за 40 милиони евра зошто можевме да си дозволиме. Поради тој трансфер не западнавме во долгови“) и реченицата од 2020-та („Можам да кажам совршено чисто, ние не можеме финансиски да го поднесеме трансферот на Хаверц сезонава“).
Баерн е спремен да плати само тогаш кога имари и не зема заеми како многу други топ клубови. Баерн сега има рамно 0 задолжувања и повеќе од 150 милиони евра „на штедна книшка“ во банка, пари заработени од тв права, Лига на шампиони, спонзори итн.
Но тие пари лежат во случај на криза, „за црне дане“ и не се трошат за нови гирачи. Во таа смисла, Баерн веќе 27-ма сезона по ред ја завршува во голем плус (во 2018/2019 имале приходи од 52,2 милиони евра!).
Во последните години со растот на приходите, Баерн почнал да троши поактивно - двата најскапи трансфери се случија во последните сезони - дојде Лука Ернандез за 80 милиони евра (тој е во топ3 најскапи дефанзивци на сите времиња со Ван Дајк и Мегваер), како и Лерој Сане за 45 милиони евра од Манчестер Сити (Сане е дојден во клубот но немаше право да игра во ЛШ).
Ернандез е на прагот да испадне пропаднат трансфер затоа што не игра поради повреда практично цела сезона. Лерој Сане би требало уште повеќе да ја засили и онака страшната екипа.
Румениге признал дека Баерн бил спремен да плати и 120-130 милиони евра за Лерој.
Внимателното трошење не е заслуга само на управата туку и на селекцијата. Верувале или не, скаутите на Баерн го пронашле Давид Алаба во австриска лига и за него клубот платил само 100.000 евра.
Најдобриот лев бек на светот во моментов, младиот Алфонсо Дејвис е платен 10 милиони евра во американската МЛС лига.
Академијата на клубот исто така многу помага, дете на Баерн е Томас Милер, но најважна особина на клубот е што често ги доведува топ играчите од Бундеслига кои се пред истек на договор и доаѓаат како слободни агенти. Грубо кажано, Баерн Минхен има „право на прва ноќ“ на најдобрите фудбалери во Германија, затоа што ривалите во Бундеслига не можат да се носат со нив.
Например во 2018-та година Баерн од Шалке го зема најперспективниот германски играч во тоа време, Леон Горецка. Во 2017-та година од системот на Хофенхајм го донесе Себастијан Руди кој скоро замина поради тоа што малку играше.
Во 2014-та Баварците како слободни играчи без потрошен цент на нивни трансфери ги потпиша Роберт Левандовски и Себастијан Роде.
Последен таков пример е Александар Нубел - кого го сметаат за идниот Нојер. Поради тоа што потпишал за Баерн во јануари иако договорот со Шалке му важеше до летово 2020-та, во Гелзенкирхен му ја одземаа капитенската лента и го седнаа на клупа.
Сличен е и примерот со неверојатниот Серж Гнабри по неговото враќање од Англија во Германија. Гнабри во 2016-та од Арсенал премина во Вердер Бремен за 6 милиони евра (ова бил многу скап трансфер за Бременците кои за последните 4 години имале само 4 поскапо платени фудбалери).
Во германските медиуми тогаш се пишувало дека пари за овој трансфер им дал Баерн Минхен, со цел за година-две да го земе во Минхен. Зошто? Затоа што доколку Баерн преговарал со Арсенал, „топџиите“ гарантирано би побарале десетици милиони повеќе.
Од Баерн демантираа, но следното лето го купија Гнабри за 8 милиони евра (после сјајна сезона на крилниот напаѓач).
Да се вратиме на лисабонското фианале. Колку за споредба, старниот состав на ПСЖ во финалето вредеше 600 млиони евра! За трансферите на оние резервите на клупата ПСЖ одвоил 73 милиони евра.
За споредба ПСЖ како слободни агенти во последните шест години ги потпиша: Андер Ерера, Ерик Максим Чупо-Мотинг, Џиџи Буфон, Дани Алвес, Ласана Диара и Хатем Бен Арфа.
Само Бен Арфа дошол од клуб конкурент во првенството но не доби шанса да игра во ПСЖ иако се работи за пеколен играч. Од сите нив само Дани Алвеш беше стартер во ПСЖ откако дојде како слободен играч. Сите други дојдоа без скандали (за разлика од Баерн во Германија) и исто тивко заминаа од ПСЖ.
Баерн исто така, за разлика од ПСЖ, „не се срами“ да позајмува скапи играчи со права на откуп. Така меѓу 15 играчи синоќа во финалето, имаше двајца позајмени од топ клубови: Кутињо и Перишиќ. За Бразилецот Баерн потрпиши 8,5 милиони евра и најверојатно нема да го откупат неговиот договор, а за Хрватот на Интер му платија 5 милиони за позајмица и најверојатно уште 20 со цел во целост да го откупат.