Лига Европа

Атлетико Мадрид и Марсеј во финале!

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј ќе се борат за вредниот трофеј од Лига Европа откако вечерва обезбедија пласман во големото финале во Лион. „Јорганџиите“ по трет пат во осум години ќе играат во финале на ЛЕ.

Во „финалето пред финале“ Атлетико Мадрид го одбрани домашниот терен и со голот на Диего Коста во судиското продолжение од првото полувреме го победи Арсенал.

На тој начин легендарниот Арсен Венгер се прости од Европа со нов пораз.

На вториот полуфинален меч, Салцбург како и во текот на целата сезона играше фантастичен фудбал, постигна два гола и ја надомести негативата од првиот меч во Марсеј, но Олимпик даде гол во продолжението (2:1) и на голема врата се врати во европскиот врв.

Учинокот на Арсен Венгер во Европа со Арсенал е: 216 натпревари, 110 победи, 48 ремија и 58 порази.

Полуфинале Лига Европа, резултати:

АТЛЕТИКО МАДРИД - АРСЕНАЛ 1-0 (1-0)
/Диего Коста 45’+2)

САЛЦБУРГ - ОЛИМПИК МАРСЕЈ 2-0 (0-0), во продолженија 2-1
/Хаидара 53’, Сар 65’ а.г. - Роландо 116’/