Претстојното лондонско дерби помеѓи Арсенал и Челси ќе биде најскапиот натпревар во историјата на Премиер лигата.
Само од овој натпревар и продадени 60.000 влезници, екипата на Арсенал очекува приход од 6 милиони фунти.
Огромниот приход од овој натпревар е резултат на новата политика на клубот со која цените на влезниците за натпреварите со неатрактивните противници се снижени на 35 фунти, но за натпревари како овој против Челси, цената на најефтината влезница изнесува 62 фунти (4.800 денари), а најскапите се продаваат за 126 фунти (9.700 денари).