17-годишни клинци растураат во Дортмунд

Само што постигна гол во Купот, неколку дена подоцна 17-годишниот Американец Џовани Рејна го прослави и првиот гол во Бундеслига. И тоа на асистенција на најмладиот асистент во историјата на Бундеслигата кој неодамна дојде од Англија и има исто 17 години.

Бундеслигата започна нова сезона во свој стил: ефикасно. Баерн во петокот му даде 8 гола на Шалке а во саботата Борусија Дортмунд 3 на имењакот од Менхенгладбах.

Тренерот на Дортмунд Лусиен Фавр стави многу млади играчи во нападот: заедно со неверојатните Халанд и Санчо (двајцата по 20 години), играа и Американецот Џовани Рејна и новиот фудбалер Џуд Белингем (двајцата по 17 години).

Овие фудбалери пред неколку дена на Борусија и донесоа убедлив триумф во Купот на Германија, 5:0 против Дујзбург.

Во 35' минута Рејна и Белингем одиграа сјајна акција и падна првиот гол во новата Бундес сезона за Борусија (стрелец беше Американецот).

Така Џуд Белингем стана најмладиот асистент во историјата на Бундеслига - има само 17 години и 82 дена. Во вториот дел над американскиот репрезентативец Џовани Рејна беше направен пенал а Ерлинг Холанд го реализираше.

Потоа по една акција на Џејдон Санчо и Холанд, Норвежанецот во 77' минута го постигна и вториот гол за конечни 3-0.

Борусија Дортмунд игра импресивно со младите бисери Халанд, Санчо, Рејна и Џуд Белингем, фантастични таленти со кои „милионерите“ ќе се обидат да го тргнат Баерн од тронот.

КАКО ДОРТМУНД СТАНА МЕКА ЗА ТАЛЕНТИ?

Џовани Рејна стигна во Борусија минатото лето од академијата на клубот Њујорк Сити. Син е на некогашниот фудбалер на Манчестер Сити, Клаудио Рејна (околу 80 натпревари од 2003 до 2007-ма).

Уште минатата сезона Џовани Рејна одигра 18 натпревари за Борусија, постигна гол во Купот против Вердер, као и 2 асистенции против ПСЖ и Лајпциг во Лига на шампиони.

„Може да игра на позиции меѓу деветка и десетка или да биде непосредно број 10 а уште може да игра на крила и полу-крила. ма дриблинг, може да игра со многу додавања.

Нас не убедија не само техниката и конституцијата. Сфативме дека се развива како личност: стабилен е и вреден. Во фудбалот нема никакви гаранции, но ние сме сигурни дека може да израсне во топ спортист. Знаевме дека Лусиен Фавр сака таков играч“, рекол шефот на скаутинг службата на Дортмунд Маркус Пилава.

Џуд Белингем се појави во Дортмунд во август годинава но веќе почна да воодушевува. Англичанецот од Бирмингем е најскапиот 17-годишен фудбалер во историјата: Борусија за него плати сериозни 23 милиони евра (за Холанд вложија 3 помалку). Меѓу оние кои го бараа Белингем беше и Манчестер Сити но малиот Џуд заедно со семејството го избрал Дортмунд.

Џуд одигра цела една комплетна сезона во Чемпионшип, стана стандарден играч на Бирмингем на 16 години, најмлад играч и стрелец на гол во историјата на Бирмингем. Постигна 4 гола и 3 асистенции и заплака на последниот меч пред да оди во Борусија.

Белингем игра на сите позиции во среден ред: лево, десно, box-to-box, десетка, втор напаѓач, лажен напаѓач итн. Самиот млад англиски репрезентативец вели дека најкомфорно му е на центарот на теренот.

Рејна и Џуд Белингем се нови таленти. А интересно, против Менхенгладбај шанса доби и 22-годишниот Феликс Паслак кој влезе место повредениот Торган Азар.

Паслак беше позајмуван во Хофенхајм, Норич и Фортуна. Сега има втора шанса да си го најде местото во тимот. Тој цела кариера досега играл на крило, а после го вратиле дури до бековските линии. Од Дортмунд неодамна замина Ашраф Хакими така што има место и за Паслак.

21 септември 2020 - 11:32