Извлечени паровите за завршницата на Лига на Нации

На денешната пладневна ждрепка во Нион беа извлечени паровите за завршницата како и за опстанокот во групите во Лига на нации.

На ждрепката во Нион, во седиштето на УЕФА се извлекоа паровите за бараж во сите дивизии како и за самата завршница во која се најдоа осмумте најдобри селекции од третото по ред издание на ЛН.

ЛИГА А: НОКАУТ ФАЗА:

Четвртфинале:

ХОЛАНДИЈА - ШПАНИЈА
ХРВАТСКА - ФРАНЦИЈА
ДАНСКА - ПОРТУГАЛИЈА
ИТАЛИЈА ГЕРМАНИЈА

Полуфинале:

ИТАЛИЈА/ГЕРМАНИЈА - ДАНСКА/ПОРТУГАЛИЈА
ХОЛАНДИЈА/ШПАНИЈА - ХРВАТСКА/ФРАНЦИЈА

Лига А/Б: БАРАЖ ЗА ОПСТАНОК:

ТУРЦИЈА - УНГАРИЈА
УКРАИНА - БЕЛГИЈА
АВСТРИЈА - СРБИЈА
ГРЦИЈА - ШКОТСКА

Лига Б/Ц: БАРАЖ ЗА ОПСТАНОК:

КОСОВО - ИСЛАНД
БУГАРИЈА - РЕПУБЛИКА ИРСКА
ЕРМЕНИЈА - ГРУЗИЈА
СЛОВАЧКА - СЛОВЕНИЈА

Лига Ц/Д БАРАЖ:

ГИБРАЛТАР - ЛЕТОНИЈА
МАЛТА - ЛУКСЕМБУРГ

Натпреварите од баражите во А, Б И Ц ќе се играат во март следната 2025-та а оние од Д во март 2026-та година.

22 ноември 2024 - 13:09