Албанија за 90 минути од прагот на А испадна во Ц дивизија

Фудбалската репрезентација на Албанија пред последното коло во Лига на Нации беше на второ место во својата група и имаа шанса да се борат за А дивизија. Синоќа изгубија дома 1-2 од Украина, паднаа на последно место во својата група и испаднаа во Ц дивизија. Украинците славеа со головите на Зинченко во 5-та минута и Јаремчук во 10-та минута. Единствениот погодок за домашните го даде Недим Бајрами во 75-та минута од пенал.

0-1:

0-2:

1-2:

Во оваа група 1 од Б дивизија Чешка завршува прва на табела со 11 бода и оди во А дивизија. Украина заврши втора и останува во Б дивизија, Грузија ќе игра во бараж за опстанок а Албанија испаѓа во Ц дивизија.

Грузија и Албанија имаат ист број бодови, ист меѓусебен учинок но Грузијците имаат подобра гол разлика.

Standings provided by Sofascore

 

20 ноември 2024 - 09:53