- Кина објави дека ќе проширува безвизниот влез за уште девет земји, меѓу кои и Македонија, во обид да ги поттикне туризмот и деловните патувања за да помогне во заживување на економијата.
- Од декември годинава, без виза во Кина ќе може да се престојува 30 дена. Само 38 пасоши од светот Кина ги пушта без виза.
- Интересно е што во листата за проширување на безвизниот режим е и Јапонија.
- Метеор намерачен да се мавне во Земјата експлодирал над североисточниот дел на САД со експлозија која ослободила енергија еквивалентна на 300 тони ТНТ, соопшти НАСА.
- Метеорот се движел со брзина од над 120.000 км/ч а со стравотни експлозии се распаднал на надморска височина од 64,3 километри над североисточен Масачусетс и југоисточен Њу Хемпшир.
- Луѓето ги слушнале експлозиите, куќите се треселе.
- Руската Дума пред неколку дена донесе закон со кој се овластува Сбербанк, централната банка и другите финансиски институции да инсталираат системи за електронско војување и да ги вооружаат ои обучат вработените за соборување украински беспилотни летала што им се закануваат на нивните објекти.
- Дека постои таква потреба покажа и една крстосувачка ракета „Сторм Шедоу“ од британско производство која истиот ден ја погоди канцеларијата на руската централна банка во Севастопол, Крим.
- Руските банки ќе можат да инсталираат свои системи за одбрана од беспилотни летала, да ги блокираат сигналите и да уништуваат беспилотни летала без да чекаат овластување од безбедносните служби.
- Законот доаѓа во време кога Украина сè поефикасно користи дронови за напади на цели длабоко во руската територија.