Евролигата за атмосферата на белградското дерби: Сте виделе ли до сега вакво нешто?

Кошаркарите на Партизан ја прекинаа серијата од шест порази во Евролигата и тоа токму против вечниот ривал Црвена Ѕвезда, која ја добија на гости со 89:77. Ѕвезда имаше победничка низа од 8 победи во нивните меѓусебни дуели на сите натпреварувања. Арената во Белград гореше. Преку 20.000 навивачи на Ѕвезда држеа картони со јагода.

Кореографијата беше направена во знак на почит на навивачот на Црвена ѕвезда, Марко Ивковиќ со прекар Јагода, кој пред точно 10 години, на 21 ноември 2014 година беше убиен во Истанбул пред мечот против Галатасарај од Евролигата. 

22 ноември 2024 - 08:25