- Во самиот финиш од мечот Романија - Косово во Лига на Нации, гостинските фудбалери во 90' минута кога сфатија дека немаат веќе шанса за прво место за кое им требаше победа од најмалку три гола разлика, при резултат 0-0 решија да го напуштат теренот поради тоа што домашните навивачи им скандирале „Косово е Србија“.
- УЕФА неколку дена го разгледуваше случајот, а на крајот пресуди Романија службено да го добие мечот со победа од 3:0. Косовскиот фудбалски сојуз е казнет и со 6.000 евра парична казна поради тоа што репрезентативците ги одбивале повиците на делегатот да се вратат на теренот и да го довршат мечот.
- Романија ќе мора да плати 128.000 евра и еден меч ќе мора да игра без присуство на публика поради односот на своите навивачи.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.