10 факти за Игуаин за кои веројатно не сте слушнале:
1. ПРЕКАРОТ „ТРУБА“
Игуаин го носи прекарот кој го наследил од татко му. Како често бива, во земјите од шпанско говорно подрачје, децата ги добиваат прекарите од своите родители.
Таткото на ѕвездата на репрезентацијата на Аргентина, поради долгиот нос го завикале „el pipa“ (во превод труба). Затоа Гознало го добил прекарот „el pipita“ (трубичката).
2. ГОНЗАЛО Е ФРАНЦУЗИН КОЛКУ И АРГЕНТИНЕЦ
Татко му на Игуаин е Аргентинец, а мајка му Французинка. Гонзало е роден во градот Брест во Франција и таму ги поминал првите 10 месеци од животот. Тој поседува и француски пасош, совршено добро зборува француски и комотно можел да настапи за „триколорите“.
3. ЅВЕЗДА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
„Пипита“ има повеќе од 6,8 милиони следбеници на Twitter и важи за еден од најпопуларните спортисти на социјалните мрежи. Еднаш за малку го окркал поради тоа.
Во 2017, италианскиот модел Антонела Фиорделиси јавно објавила скриншот од дијалог со центарфорот во кој наводно Игуаин и барал слика со „праската“.
Антонела го нарекла болесник и го обвинила за сексуално вознемирување. За волја на вистината, Фиорделиси подоцна рекла дека Игуаин не направил ништо лошо и јавно му се извинила.
„Гонзало не е болен, тој секогаш беше внимателен со мене и никогаш не дозволи слични работи. Му должам извинување, тоа веројатно била неприлична шега.“
4. ВО НЕАПОЛ НЕ САКААТ ДА СЛУШНАТ ЗА НЕГО
И покрај тоа што играше три сезони за Наполи и многу придонесе за клубот да се развие во гигант (во сезоната 2015/2016 постигна страшни 38 гола на 42 натпревари), тој не може да се нарече миленик на локалните навивачи.
По преминот во Јувентус за кого „аѕурите“ добија 94 милиони евра, „Пипита“ беше „крив“ што во Неапол продаваа цели тоалетни ролни со неговиот лик.
5. САКА ДА ЈАДЕ САМО ХРАНА ОД МАЈКА МУ
Аргентинецот е прав пример за син и за него нема ништо подобро од храната која му ја готви мајка му. Тој признал дека често јаде и пица, но никаде не му ја погодиле како што ја подготвува мајка му.
Во Неапол еднаш му нуделе пица за 1 евро откако тој се повредил во Јувентус.
6. ИГУАИН ИМА ПРОБЛЕМИ СО КИЛАЖАТА
Кога Гонзало првпат се појави во дресот на Јувентус на дебито на пријателска против Вест Хем, многумина приметија дека дресот му „пука“ од дебелината.
Медиумите ја критикуваа управата на „Старата дама“ што потрошила 94 милиони за играч со толкава тежина.
„Продолжете да ме викате дебел, а јас ќе продолжам да давам голови“, им одговорил Игуаин.
Стручниот штаб на Јуве му наложил строга диета а Гонзало таа сезона постигна 32 гола на 55 натпревари. Слично беше и во Милан каде тифозите последниве денови објавуваат разни мемиња на сметка на неговата тежина и желбата да јаде нездрава храна.
7. ШПИЦОТ НА ЧЕЛСИ ИМА ТЕТОВАЖА ЗА КОЈА ПРАВЕА МНОГУ ДОСЕТКИ
Во 2017-та Гонзало Игуаин на Instagram ја покажал својата нова тетоважа. Тој е голем поклоник на револуционерот Че Гевара, па решил да ја истетовира на долниот дел од грбот познатата фраза: „Hasta la victoria siempre“.
Тоа им послужило на дежурните интернет мајтапџии да го тролаат па со помош на фотошоп направиле фотографија со изменет збор Hasta во Pasta.
8. ОБОЖУВА ТЕНИС
Кога бил мал, Игуаин многу сакал да стане тенисер. Тој е голем навивач на Рафа Надал и Хуан Мартин Дел Потро. „Многу сакам тенис. Сакав да станам тенисер, но љубовта кон фудбалот се испостави како посилна“, рекол еднаш Игуаин.
9. ИЗРАСНАЛ ВО ФУДБАЛСКО СЕМЕЈСТВО
Офанзивецот кој повторно ќе соработува со Маурицио Сари, има дваја браќа. Најстариот, Федерико исто е професионален фудбалер кој играл за Ривер Плејт, Индепендиенте и Бешикташ. Во моментов настапува во МЛС за Колумбус Кру.
Другиот брат, Николас е личен менаџер на Гонзало и тој го завршил трансферот во Челси.
Но главен фудбалер во семејството е татко им, Хорхе Игуаин. Тој играл за Брест каде ја запознал својата идна жена и мајка на неговите деца. Играл и за Бока Јуниорс и Ривер Плејт со кој освоил две титули.
10. ИГУАИН МНОГУ ГО ПОЧИТУВА САРИ
Во ситуација кога се погласно се зборува за отворен конфликт меѓу италијанскиот тренер и најдобриот играч на Челси Еден Азар, во Лондон доаѓа миленикот на Сари.
Нивниот однос почна уште во Неапол кога Аргентинецот играше кај Сари. Тренерот тогаш направил посебна програма тренинзи кои го направиле Гонзало посилен на теренот.
„Маурицио направи да се чувствувам незамелнив на теренот. Тој ми е како татко“, изјавил еднаш Игуаин за италијанските медиуми.