Знаете кој орган е ова?

Би требало да знаете.

Како ролката стана симбол за креативен гениј

Кога избруканата Елизабет Холмс ја осудија за измама околу нејзината компанија за лабораториски тестирања, медиумите често дискутираа не за криминалните дејства и запрепастувачките злоупотреби на доверба, туку за модните избори: црни сакоа, црни панталони и што е најважно - црни ролки.

Детално и точно реконструирање на фустанот на Снежана

Со историски податоци, и со одличен резултат.

Зошто не можеме да ја прифатиме кансел културата

Секој ден паѓаат жртви од феноменот cancel culture, влезен во секојдневна употреба со сопствена дефиниција: бојкот на некоја личност или компанија, најчесто славна, поради изјави и дејства што се протолкувани како проблематични.

Ешли Греам не се разголува за лајкови, ако баш сакате да знаете

Ешли Греам која модната кариера ја користи и за боди-позитивити активизам, покренува дискусии за тоа „како изгледа нормално женско тело“ и се залага за свет во кои „жените нема да имаат потреба да ги објаснуваат своите тела“.

Кога ќе ти збоктиса од сопственото дете

Ова физички и психички зелено дете, се буни што мајка му му дава две недели да се исели од дома.

Фејсбук пред спиење, за да не мораш да мислиш колку си за никаде

Викаат дека пред спиење треба смирување, читање книга, пиење млеко или чај и никако социјални мрежи за да можеме да се спремиме за мирување и одмор. Ај сега нека дигнат два прста тие што го прават ова. Никој? Точно.

Сѐ што треба да знаете за Мет Гала 2021

После откажувањето на настанот минатата година, најважната модна вечер се враќа дупло.

Гучи и Баленсијага ги парчосаа сите модни правила

Барем што се однесува до луксузната мода.

Видете што се црта за добротворни цели

Во основно школо најдобротворни бевме по ова прашање.

Витни Камингс за лажните цицки

„Нееднакви беа, како од иста фамилија... Како Алек Болдвин и Стивен Болдвин“. И други фантастични бисери.

Каков минимализам, какви бакрачи

Ела да видите една куќерда.

Нели расисти?

Секоја година, кралицата Елизабета и Британскиот моден совет ја доделуваат посакуваната „Елизабета II награда за дизајн“ со која се признава талентот на индивидуа на почетокот на својата кариера во категорија женска и машка гардероба и додатоци. Оваа година ја доби Прија Алувалија.

Да се помириш со „невистинскиот“

Во сведоштва на какви што не налетуваме често, жени кажуваат како им изгледа животот со маж што да можат, не би го избрале „ама тоа е“.

Рамштајн и Баленсијага

Само чекаме да нѐ истероризира Баленсијага со јакна во вид на МПЦ-облакодер, или некоја нова кеса од локален маркет претворена во ташна од 700 евра. Но, не. Баленсијага се спои со Рамштајн.

Дизни ги распушти косите

Дизни сега ќе им дозволи на вработените буквално да пуштат коса, дури и да покажат тетоважи. Ова е нова иницијатива за поголема инклузивност што им овозможува на вработените поголема автономија кога се облекуваат за на работа.

Uggs за лето

За да не престане да биде „сезона на Uggs“, и за да не се чудиме кога ќе видиме жители на Холивуд со крзнени чизми на 25 степени.

Како оди редот за британскиот трон?

Кралицата Елизабета II владее скоро седум децении, а нејзиниот сопруг принцот Филип, иако секогаш покрај неа при официјални функции никогаш не беше наследник. Вилијам на пример е втор, ама во случај да не биде крал од икс причини, не го наследува брат му, туку неговите деца. Како всушност сето тоа функционира?

Причини за затворање жени во институции низ историјата

На кратко - за што и да ти текне. На долго - повелете. Ги болдиравме најјаките.

Би се откажале ли од имање деца за да ја спасите планетата?

Еколошката штета од секој нов човек е огромна, па се поставува прашањето - дали немањето деца е одговор на климатската криза?

Кралицата нема да ја остават сама

Секогаш ќе има постар член од кралското семејство на настани и појавувања во јавност, кога ќе продолжи со своите обврски после двете недели жалост.

Како остаре „Дневникот на Бриџит Џонс“

Пред 20 години, два филма излегоа на неколку месеци, и двата со секвенца каде што хероината е облечена во Плејбој зајачица за маскенбал, само за да стигне и да види дека - хорор! - не е маскенбал, сепак.

Бизарен Тиндер-пазар на суета

Твитер-нишка од дечко што наивно си бркал работа на Тиндер.