Кај некои луѓе доаѓа до силни имунолошки реакции на туѓо тело. Појавата е многу ретка, но може значително да влијае на здравјето, односите, работата и секојдневниот живот. Дали е до вистински алергии, или нешто друго останува главно непознато.
Понекогаш се јавува алергија на состојките присутни на кожата на други лица, како дезодоранси и лосиони. Повеќе од 150 мириси се поврзани со контактни алергии. Има и синдром што официјално не е признаен - ПАТМ, при кој кожата испушта многубројни супстанци кои влијаат на телесниот мирис, како на пример толуен - хемикалија шо е присутна во нафта, чад и некои производи. Јапонските научници анализираат луѓе што тврдат дека патат од ПАТМ и во нивно присуство, другите кашлаат и се гушат. Тие што страдаат од ПАТМ испуштаат 39 пати повеќе толуен од обичниот свет. Толуенот обично се разградува во црниот дроб, но кај овие лица се собира и се лачи преку кожата. Во ретки случаеви, се забележуваат реакции на косата, но причината не е во протеинот на косата, туку туѓи супстанци како формалдехид од третман со кератин.
Најпозната е чувствителноста на семената плазма - има случаи во кои лица со алергија на ореви доживуваат алергиска реакција после бакнување со партнерот кој претходно ги јадел, дури и да се туширал и да измил заби претходно. Ова се случува и после сексуален однос, од контакт со сперма, ако човекот конзумирал алергени.
Можна е локална десензибилизација и тоа со инекции од спермата на партнерот под кожа, но е сепак скапа. Подобрата варијанта била разредена семена течност која постепено, со надзор на лекар се внесува во вагината, а концентрацијата се зголемува на периоди. Пациентките потоа можеле да имаат незаштитен однос, барем со тој партнер.
За алергиите на другите телесни течности уште помалку се знае - речиси и да нема истражувања за можни алергии на цервиковагиналната течност.