Uggs за лето

За да не престане да биде „сезона на Uggs“, и за да не се чудиме кога ќе видиме жители на Холивуд со крзнени чизми на 25 степени.

Ugg чизма не се носи само кога е ладно, па да ти биде топло на нозете. Ги носат со купачи, на сто степени во Њујорк летно време, во најневозможни комбинации. Е сега, за да не добијат топлотен удар, а СЕПАК да носат Uggs, смислена е нова варијанта.

Папучи и сандали со крзно од минатата недела се продаваат на Нордстром, и веќе се видени на популарни стапала - Меган Фокс, Селена Гомез и Џиџи Хадид се на пример меѓу многуте што се одлучиле за нив.

Делумно се глупи, делумно некако - ни требаат. Се викаат Ugg Fluff Yeah.

Изгледаат крајно удобно и како нешто што можеш и по дома да го носиш. А кога нешто што се носи по дома станува социјално прифатливо за надвор, на луѓето навикнати на пандемија веднаш им светкаат очите, затоа и некои од моделите се комплетно распродадени.

Цената им се движи од 99 до 110 долари.

извор

14 април 2021 - 14:17