Каков минимализам, какви бакрачи

Ела да видите една куќерда.

Куќата чини скоро 13 милиони долари, а личи како да ја правел човек 50 години осуден на сиромаштија и затворен во беж соба без прозори.

Architectural Digest нѐ носи во Јужна Флорида, во една максималистичка куќа дизајнирана „да ги стимулира тие што живеат внатре“ со секој ќош. Се наоѓа во Бока Ратон, исполнета со бои што штипат и во моментов се продава за 12.950.000 долари (богаташкото 99 центи).

Има драматични, геометриски наредени отворени простори избањати во природно светло и ентериер што мора да се види за да се поверува дека постои.

Дали се издржува? Веројатно, ако не сте по бежот. Затоа што, ако ништо друго (а има многу друго) - дефинитивно провоцира сетила.

16 април 2021 - 14:21