Како се градеше „Бафало Бил“ од „Кога јагнињата ќе стивнат“

Тед Левин кој мајсторски го изведе грозниот Бафало Бил во филмот, раскажува како ја добил улогата.

„Ги извадив од памет. Немав поим што ќе направам. Го прочитав сценариото, ја прочитав книгата, пробував некои работи. Се сретнав со Џонатан Дем во Лос Анџелес, разговаравме и добив осет што сака. Ми се јави пак; отидов во Њујорк да поразговараме уште малку и само прочитав на аудиција. Нешто ми текна по пат, а мораш така, без разлика дали е правилно. Всушност, мислам дека аудицијата ми беше подобра од изведбата, и тоа многу.“

Откако го ангажирале како Џејм Гамб, Левин го развил ликот читајќи профили на сериски убијци. Подоцна има кажано и дека многу го вознемирил материјалот. Гамб беше трансвестит, па Левин одел и по транс-барови и разговарал со луѓе. Танцот што веројатно го памтиме сите го немало во оригиналното сценарио, иако во романот го има и го додале на инсистирање на Левин, кој сметал дека е суштинска сцена за дефинирање на ликот.

За време на истражувањето локации за куќата во која ќе живее Гамб, Левин бил воодушевен дека на крај, куќата што ја избрале не само што била во гратчето каде што пораснал, туку и во комшии на неговата прва девојка.

После изведбата во „Кога јагнињата ќе стивнат“, не можел да се откачи од понуди да игра психопати и едвај успевал да најде друг тип на улоги. Често бира улоги на обични, семејни луѓе и непријателски настроени колеги за да се тргне од језивата сенка на Бафало Бил.

„Тешко беше. Никогаш нема повторно да играм ваков лик. Супер ќе беше да ја изиграв улогата од сценариото и да не се бавам со книгата, ќе беше многу полесно да се работи така, а има толку многу слики од книгата што не се во филмот. Од една страна ти се корисни, од друга може да претераш со работа, а мислам дека тоа ми се случи. Се излудев со овој лик. Живеев со кретенот. Нешто што редовно се случува со сериски убијци е дека гледаат многу порнографија, и тоа го правев. Тоа има да те полуди.“

17 јуни 2025 - 00:00