Видете што се црта за добротворни цели

Во основно школо најдобротворни бевме по ова прашање.

Веројатно ваквите сликички и цртежчиња не ви се чинат нешто невидено, особено кога веќе може да се начекаат по секакви ѕидови и јавни тоалети. Овие не се ни нешто експертски искомпонирани, но тоа не значи дека нема приказна зад нив. Се работи за проектот Penile Papers, нова колекција на фалусна уметност спремена од лондонскиот уметник, Доминик Мајат.

Пред да удри пандемијата, Доминик почнал да контактира со потенцијални учесници за најновиот проект - колекција од нацртани пениси која понатаму би била за добра кауза. Му се пријавиле од ТВ-презентери до професионални уметници, меѓу кои и Вивиен Вествуд, чиј цртеж на Мајат најмногу му прираснал за срце.

„Ми се допаѓа неговата прекрасна едноставност,“ вели Мајат, чиј претходен проект се базираше на лични огласи од Крегслист. „Го нацрта на парче шнит хартија од ателјето и ми го прати.“

Курето на Вивиен и уште 61 друго ќе бидат достапни за јавноста во специјално ограничено издание од 200 примероци, а собраните средства ќе одат во Runnymede Trust (тинк-тенк за расна еднаквост) и организацијата за свест за ХИВ и сексуално здравје - Terrence Higgins Trust. Книгата е во соработка со Крис Колвил Вокер и физички изгледа како содржините внатре - величина и должина на просечен пенис.

„Се однесува, меѓу другото и на феноменот на непоканетите и непобарани слики од пенис, но истовремено го исмева.“

Проектот е зачнат пред пандемијата, но сепак има добиено на значење во месеците што следеа откако сме затворени. Уметникот објаснува дека е „потсетник на една ера кога можевме да учествуваме во многу акти на човечка интеракција без посебно внимание.“

19 април 2021 - 14:54