Алесандро Микеле го „хакна“ другар му Димна Васалија во едно, можеби „нај-гејмчејнџинг партнерство“ што сме го виделе до сега. На трепки ќе се обесат, само да не се нарече „соработка“.
ај-ди Вајс ни вика, „Добредојдовте во новата ера на модата“. Ние ќе се криеме под маса, затоа што се работи за Гучи и Баленсијага, ама ај-ди Вајс продолжува - да сме заборавеле сѐ што знаеме за модата, светите кодови на модните куќи и монолитските дизајнери во нивните кули од слонова коска.
„Денес, се судрија светови кога две од најрелевантните модни куќи во поп-културата се споија во невидена меѓусебна контаминација.“
Колекцијата се вика Ариа, а зошто сево ова?
И Алесандро Микеле и Димна Васалија симултано го реформираа изгледот на современата мода, а почнаа речиси во исто време (со една година разлика). Делат една синергија за растурање правила на пол, вкус и брендирање - а и двајцата вметнаа елементи на уличен стил во високата мода, иако нивните улици не може да се подалеку една од друга. Иако постои тензија меѓу електричниот максимализам на Микеле и сировата словенска синтетика на Васалија, не е спорно дека и двајцата се посветени.
Некој ќе рече прават глупости (и ќе биде во право), ама тоа никако не значи дека не влијаат на модната историја - напротив, години од сега, ќе гледаме наназад, ќе се крстиме со лева рака и сепак ќе потврдиме дека ова беше феномен од период.