Како оди редот за британскиот трон?

Кралицата Елизабета II владее скоро седум децении, а нејзиниот сопруг принцот Филип, иако секогаш покрај неа при официјални функции никогаш не беше наследник. Вилијам на пример е втор, ама во случај да не биде крал од икс причини, не го наследува брат му, туку неговите деца. Како всушност сето тоа функционира?

1. Принц Чарлс

Принцот од Велс е прв на ред да ја наследи кралицата.

2. Принц Вилијам

Војводата од Кембриџ доаѓа по неговиот татко, принцот Чарлс.

3. Принц Џорџ

Шестгодишниот принц Џорџ, како прво родено дете на принцот Вилијам и Кетрин, војвотката од Кембриџ е трет.

4. Принцеза Шарлот

Како второ родено дете на Вилијам и Кејт, Шарлот е четврта.

5. Принц Луис

Има една година, трето дете им е на Вилијам и Кејт и е петти на ред за тронот.

6. Принц Хари

Дури сега доаѓа принцот Хари на ред. Ако никој од „Кембриџите“ не стане монарх, тогаш наследник е Хари, војвода од Сасекс.

7. Господар Арчи Маунтбатен-Виндзор

Првородениот син на принцот Хари и Меган, војвотката од Сасекс е седми по ред.

8. Второто дете на Меган и Хари

Во февруари објавија дека се трудни, со што се смени редоследот и сега тоа дете е осми човек на ред за тронот.

9. Принц Ендру

Како трето дете на кралицата Елизабета и принцот Филип.

10. Принцеза Беатрис

Како најстара ќерка на принцот Ендру и Сара, војвотката од Јорк.

11. Принцеза Јуџини

После нејзината постара сестра Беатрис.

12. Синот на Јуџини

Детето чие име уште не е познато во јавноста е на 12-то место.

13. Принц Едвард

Најмлад син на Елизабета и Филип и Ерл од Весекс.

14. Џејмс, виконт Северн

Како единствен син на принцот Едвард и Софи, грофица од Весекс.

15. Леди Луис Виндзор

Како најстаро дете на Ерл и грофица од Весекс

16. Принцеза Ен

Како второ дете на Елизабет и Филип.

17. Питер Филипс

Питер Филипс е најстар внук на кралицата и принцот и единствен син на принцезата Ен. Чека на 17-то место.

18. Савана Филипс

Најстаро дете на Питер и Отом Филипс и прво правнуче на кралицата и принцот.

19. Ајла Филипс

Второ дете на Питер и Отом Филипс и 19-та по ред.

20. Зара Тиндал

Ќерка на принцезата Ен и 20-та по ред за тронот.

извор

14 април 2021 - 13:41