Ова е фино. Димна Васалија е убер-фан на легендарниот бенд и пребарување на Гугл сигурно ќе ве однесе до барем една слика каде што е облечен во маица со нив. Сега и официјално пуштија Рамштајн капсула - со блузи со долги ракави, преголеми дуксери, капчиња, ранци и слично.
Пригодно, во нив сликаат die-hard фанови.
Хелена Јуриш (на сликата): Се сеќавам дека гледав спот на Рамштајн прв пат во 2001, за песната „Du Hast“. Беше во еден рок клуб во Манаус и она што ме импресионираше беше бруталната сила на музиката, во комбинација со егзотиката на јазикот. Никогаш претходно немав слушнато нешто вакво, и веднаш ме натера да скокнам од клупата на која што седев и да почнам да танцувам. Од тогаш, кога и да се вратев во тој клуб, барав да пуштат Рамштајн.
Има еден „вреди да се размисли“ коментар од фан на официјалната Фејсбук-објава за капсулата:
„Рамштајн, ве сакам, ама немојте да мислите дека ќе дадам 450 евра за дуксер што на ваш концерт можам да го купам за 20.“