Џош Д’Амаро, претседател на Дизни Паркс изјавил дека 16-месечна фокус група од вработени предложила додавање „инклузија“ во централните вредности на компанијата, велејќи дека ваков нов клучен елемент би бил „од суштинска важност за културата и би водел напред.“
Вредностите на компанијата ќе бидат познати како Петте клучеви (претходно беа четири) и тие се безбедност, шоу, љубезност, ефикасност и сега инклузија.
„Нашиот нов пристап обезбедува поголема флексибилност за форми на лична експресија, како родово-инклузивни фризури, накит, нокти и избор на костими; и дозвола на пристојни видливи тетоважи. Ги ажурираме не само за да останеме релевантни во денешната професионална култура, туку и да им овозможиме на вработените (во Дизни ги викаат cast members) подобро да можат да ја изразат сопствената култура кога се на работа,“ вели Д’Амаро во изјава.
Компанијата долго време строго ги држеше вработените во однос на изгледот. Од првото отварање на паркот во 1955, се до 2012 на пример, не им беше дозволено брада. Напорите за инклузија вклучуваат и обиди да „се отстранат расно бесчувствителни прикази“ во вожњи како Splash Mountain и Jungle Cruise.