Самиот Волт Дизни бил далеку од пријатен со актерката што го позајмувала гласот на Снежана. Се потрудил да нема кариера, за да може да постои само како Снежана и да не се наруши магијата. Осумдесет и шест години подоцна, раководството во неговото студио прави нови криминали против приказната. Сепак, холивудските архиви имаат зачувано неколку снимки од Адријана Каселоти, која накратко ја раскажува ситуацијата за почетоците на нејзиниот ангажман, и ја има паралелно прикажана како пее заедно со цртаниот лик.