Жени, има ли потреба?

Ако нејќат да ти кажат другарките, или уште полошо, заглавени се во истиот хаос - еве, ќе ви каже непознато другарче.

Не ти треба ни МЦМ, ни Версаче.

Не ти треба нијансирана крема. Стави СПФ и хидратантна крема во пудрата што веќе ја имаш.

Мислам, стварно, бидете креативни, доста наоѓавме изговори. Доста беше купување со празни кредитни картички - нема никаква смисла.

Ако имаш повеќе од 2-3 шишиња парфем, не ти треба уште едно. Од кај тоа дека мораш да имаш различен мирис секоја сезона?

Не ти требаат уште токсични свеќи.

Не ти треба крем-руменило.

Не ти треба зелен молив за очи, затоа што некој ти рекол дека баш таа боја ќе ти ги истакне очите. Стави од зелената сенка што веќе ја имаш и ќе го има истиот ефект.

Доста тврдиш дека ти требаат работи што реално не ти требаат. Мислиш дека ти требаат, а всушност се работи за маскирање емоции.

Не ти требаат претплати. Не ти требаат копии од брендирани парчиња. Ако можеш само копии да си дозволиш, не мислиш дека не би требало да ги носиш тие брендови?

Не ти требаат исти пижами за целото семејство.

Не ти требаат уште удобни работи за по дома. Не ти треба нов веш.

Не ти требаат нови хеланки за вежбање и членување во теретана ако не вежбаш. Оди направи 50 чучњеви за беспари.

Не ти требаат упадливи Шанел менѓуши.

Не ти треба најновиот Ајфон.

Дур сме на темава, не ти треба ни Дајсон.

Престани да мислиш дека оригиналот (од миксерот, фенот, бричот, итн.) е со причина поскап. Нема причина, тоа е само уште една форма на перење мозок.

Ако спиеш подобро навечер затоа што си купила Дајсон, а не ДиХСУн, и поради тоа мислиш дека си нешто поарна - тогаш слободно - ама не си.

Еве што можеш да правиш и каде можеш да инвестираш време и пари наместо сето ова погоре:

Оди на чистење заби.

Испиј осум чаши вода.

Направи пап-тест.

Направи анализа на крв.

Оди на прошетка без никакви апарати во и на тебе.

Јави се на близок.

Поиграј со децата наместо да им го тупнеш таблетот.

Ажурирај го CV-то што нонстоп викаш дека ќе го ажурираш, а стои исто од 2022 и се чудиш зошто никој не те вика на интервју.

Измасирај си ја главата.

Пробај да спиеш осум часа.

--
преземено (и адаптирано) од овде

 

18 декември 2024 - 00:00