Малограѓани пак имаат мислење

На Шанаја Твејн не ѝ личело така да се облекува на 59 години и тоа што го носела личело на пелена. Ај, да видиме.

Шанаја Твејн неоадамна маѓепсуваше публика со настап, но веројатно не биле сите на ист начин маѓепсани.

Настапот беше во Вегас, каде што на сцена излезе облечена вака:

Во случај да не знае читателот што да мисли, на сликата има жена што изгледа феноменално и тоа без глупиот додаток „за свои години“. Едноставно изгледа одлично, ја бива и ѝ цвета кариерата.

Но, како што бива во светот и на интернет, куп луѓе што не можат ни да се доближат до тој успех, па и тој изглед - не се задоволни.

На едни, долниот дел од комбинацијата им личел на пелена, а други се унередуваат од фактот што „така се разголува на 59“.

Од истата категорија луѓе, кај нас ќе ти кажат „место внуци да чува, ќе скока по сцена“.

„Стара е. Нека се облече. Малку класа нека покаже.“

„Како во пелена со шљокици е.“

„Треба да облече нешто што ѝ одговара на годините.“

Некои одат дотаму да го споделат и „стручното“ модно мислење дека дизајнерот треба да се отпушти затоа што костимот бил лош.

А Шанаја Твејн со тие „страшни години“ денес изгледа вака:

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Shania Twain (@shaniatwain)

17 декември 2024 - 00:00