Заедно се појавија во филмот „Ова завршува со нас“, снимен по истоимената книга на Колин Хувер. Уште непуштен, филмот беше опкружен со драма и непријатности, главно заради однесувањето на Блејк Лајвли за време на ПР-турнејата, окарактеризирано како дрско и површно, наспроти ставот на режисерот и продуцент, Џастин Балдони, чиј пристап беше посериозен, со оглед на тоа што филмот обработува семејно насилство. Објаснување имавме во Што е драмата околу Блејк Лајвли?
Во обид да биде спремен на последиците што може да му ги приреди моќен пар како Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, Балдони (сомнително или не) ја ангажираше истата ПР-фирма што ја чуваше репутацијата на Џони Деп за време на скандалите со Амбер Херд. Продолжи со прибраното однесување, а интернетот почна масовно да ја мрази Лајвли и да ѝ вади стари интервјуа каде што била непријатна.
Сега има нов развој на настаните - Блејк Лајвли го тужи Џастин Балдони за сексуално вознемирување и обиди да ѝ ја уништи репутацијата. Во јавно достапните документи се појавува и листа на 30 барања што ги доставила до вработените и колегите, во обид да спречи понатамошни непријатности за време на снимањето.
И еве го:
- Не може веќе покажување разголени видеа и слики од жени, вклучително и жената на продуцентот, на Лајвли и нејзините вработени.
- Не може веќе дискутирање на некогашната зависност од порно на Балдони.
- Никој не смее да зборува за сопствениот сексуален живот, гениталии или моменти кога не била дадена дозвола во сексуални акти, без разлика дали е злоставувач или жртва во случајот.
- Не може веќе дискусии пред Блејк Лајвли, или нејзините вработени за лични сексуални искуства, вклучително и за со брачните партнери.
- Не може веќе описи за сопствените гениталии пред Блејк Лајвли.
- Не може веќе шеги и лоши коментари пред Блејк Лајвли и/или нејзините вработени за поплаки во човечки ресурси што Вејферер (продукцијата) веќе ги има примено, или за „пропуштање на состанокот со ЧР“.
- Не може веќе прашања од страна на г-н Балдони за тренерот на Блејк Лајвли без таа да знае, или да се согласи каже колку е тешка.
- Не смее веќе г-н Балдони да спомнува дека „зборувал“ со починатиот татко на Блејк Лајвли.
- Не може веќе г-н Балдони да ја прашува Блејк Лајвли за нејзините религиозни уверувања, или да споделува со други за тоа.
- Ако Блејк Лајвли и/или нејзиното новороденче се повторно изложени на КОВИД, БЛ мора да биде веднаш известена, штом Вејферер или било кој продуцент ќе стане свесен за таа изложеност, без таа да мора сама да го открие тоа неколку дена подоцна.
- Координатор за интима мора да биде присутен во секое време кога БЛ е на сет заедно со г-н Балдони.
- Не може веќе лично, физичко допирање, сексуални коментари од г-н Балдони и г-н Хит (другиот продуцент) да се толерираат од страна на БЛ и/или нејзините вработени, или било кој друг женски член на екипата, без да дозволат.
- Не може веќе импровизирање бакнежи. Секој интимен допир мора да се осмисли однапред со Блејк Лајвли и координатор за интима. Нема гризење и шмукање усни без да дозволи БЛ. Сите интимни допири и допири пред камера мораат да бидат „во лик“, не да бидат искажани од г-н Балдони или БЛ лично.
- БЛ мора да има претставник на снимање цело време и да биде со монитор за време на сите сцени со голотија, сексуална активност или насилство со г-н Балдони.
- Сите актери што учествуваат со БЛ во интимни сцени, каде што таа е на било кој начин гола, или симулира голо, мора да бидат класифицирани како активни актери во работна сила, не „пријатели“.
- Нема веќе снимање голотија кај БЛ без комплетно професионална, според протокол изјава. Било каква снимка од тој тип што е претходно направена без оваа изјава и во директно нарушување на правилникот на САГ не смее да се користи без писмена дозвола од БЛ и нејзините правни застапници.
- Било која сцена од БЛ или друг изведувач како „Лили“ што има голотија или симулиран секс мора да се изведе соодветно на горенаведената изјава за голотија и мора да одговара со сценариото одобрено од БЛ.
- Координатор за интима мора да биде присутен на снимање за сите сцени со голотија и/или симулиран секс и мора да има монитор за да биде сигурен во почитувањето на правилата.
- Не смее да се гледаат, или на снимање, или далечински да бидат достапни монитори, за време на затворени снимања, освен од основната екипа одобрена од Блејк Лајвли.
- Нема веќе влегување, обиди за влегување, прекинување, притискање или барање од БЛ да се влезе во нејзината приколка, или приколката за шминка од страна на г-н Хит или г-н Балдони додека е гола, од било која причина.
- Нема веќе приватни, повеќечасовни состаноци во приколката на Блејк Лајвли каде што г-н Балдони ќе плаче, без да набљудува назначен претстаник од страна на БЛ.
- Не може веќе притискање од страна на г-н Балдони да ги „искади“ вработените на БЛ.
- Продуцентката Алекс Сакс треба да добие стандардни права, инклузија и авторитет според описот на нејзината работа и како што било претставено кога се вклучила БЛ.
- Сони мора да има активна, секојдневна улога во набљудувањето на физичката продукција за остатокот на филмот за да внимава на безбедноста на екипата и актерите, распоредот, логистиката, решавањето проблеми и креативата.
- Ангажман на искусен продуцент да ја набљудува безбедноста на екипата, распоредот, логистиката, решавањето проблеми и креативата за остатокот на снимањето.
- Ангажман на каскадери од А-листа одобрени од БЛ за да ги изведат сцените на Лили со г-н Балдони каде што има силување и/или насилство. БЛ ќе изведува само снимки од блиску или ќе работи според од неа одобрен список на снимки во сцени со г-н Балдони каде што има сексуално насилство.
- Не може веќе додавање на секс-сцени, орален секс или оргазам на камера на БЛ надвор од сценариото што БЛ го одобрила кога го прифатила проектот.
- Не може веќе прашување или притискање на БЛ да премине физички граници.
- Не може веќе одмаздничко или насилно однесување кон БЛ затоа што се буни или бара заштита.
- Состанок во живо пред да продолжи продукцијата со г-н Балдони, г-н Хит, г-ца Сакс, претставник од Сони, новиот продуцент, Блејк Лајвли и сопругот на Блејк Лајвли, Рајан Рејнолдс за да се потврди и одобри план за имплементација на горенаведеното побарано за физичката и емоционална безбедност на БЛ, нејзините враобтени и екипата од сега па натаму.