На родителите им испратиле писма да им ја најават промената, со објаснување дека времето што наставниците го поминуваат менувајќи пелени на деца што уште не научиле да одат во тоалет, одзема драгоцено време за учење.
Некои родители сметаат дека одлуката е нефер и дискриминаторска, со оглед на тоа што многу деца, и покрај трудот на родителите, не можат да почнат со првата фаза од образованието без пелена.
Еден татко на тригодишно дете кое треба да почне во јануари, од кога е и најавена новата пракса, се буни дека ем рутината на децата ќе биде прекината заради родителите што ќе доаѓаат да ги пресоблечат, ем родителите тешко дека ќе можат да излезат од работа за тоа.
Од друга страна пак, искуството на школите покажува дека секоја година, сè повеќе деца доаѓаат во градинка и забавиште со пелени. Нудат и подршка и помош за сите родители кои имаат потешкотии да ги научат без пелени, и имаат разбирање дека некои деца од различни надворешни услови може да заостануваат во тој поглед.
Новата политика вели дека од 1 јануари, 2025, од родителите ќе се очекува да доаѓаат во школо и да им ги менуваат пелените на своите деца, освен во специјални случаи каде што постои медицинска причина зошто се децата сѐ уште во пелени, за што ќе треба посебно писмено известување.