Црвените чевлички од „Волшебникот од Оз“ се продадоа за 32,5 милиони долари

Еден пар од светкавите штикли што ги носеше Џуди Гарланд за потребите на филмот„Волшебникот од Оз“ станаа највредниот филмски реквизит кога било продаден на аукција.

Се работи за еден од четирите преживеани пара од 1939 и еднаш биле и украдени од музејот каде што се чувале. Победничката понуда била 28 милиони долари, со тоа што среќниот „добитник“ треба да додаде уште 4,5 милиони за трошоци.

Почетната цена била 1,55 милиони, а биле проценети на 3 милиони или нешто повеќе. Во изјава за печат, аукциската куќа вели дека „во рок од неколку секунди“ се надминала таа сума и дека ниеден друг пар не се ни доближил до сумата.

Еден пар во 2000 се продаде за 666.000 долари, а во 2012 Стивен Спилберг и Леонардо Дикаприо дадоа 2 милиони за уште еден и ги донираа во Музејот на Академијата за филмови во Лос Анџелес.

Со овие чевли, куќата Heritage Auctions скрши рекорд за аукција од областа на забавната индустрија, кога во саботата собрале речиси 40 милиони долари. Меѓу предметите ја имало и капата на Лошата вештерка од „Волшебникот од Оз“, која се продала за 2,9 милиони долари.

16 декември 2024 - 00:00