Ова се вика љубовно FOMO, (и во контекст на Њујорк учевме за терминот - fear of missing out, или страв дека нешто ќе пропуштиш, дека нема да стигнеш да видиш) и се работи за феномен сличен на она фомо за достигнувања. Второво го опишува искуството дека заостануваш или си неприкладен во однос на сличните на тебе, кои постигнуваат важни работи до кои ти уште не си стигнал. На пример, ако ти е важно да основаш семејство, може да го почувствуваш ова за време на празниците кога си со роднините што имаат деца, а ти уште не си до таму. Споредувајќи се, се чувствуваш заглавено, или поназад. Но, вестите се добри - и во однос на љубовните врски, можеш да се спасиш од ова глупо чувство.
Во ред е да се растажиш малку ако си сингл, а сите околу тебе се со некого - но тоа не значи дека не ти е мило што тие се среќни. И завист да се појави, или благо самосожалување, тоа не ја исклучува среќата за туѓата среќа.
Она што може да го подобри расположението е да се запишат, размислат и набројат сите причини зошто е одлично да си сингл. Имаш време за хобија, за други односи и за себе. Има ситни, секојдневни бенефити од немање со кој да се скараш, до спиење мирно затоа што спиеш сам, или расправање околу спремање оброци. Со овие набројувања, се фоксуираме на позитивните аспекти, што пак помагаат да бидеме позадоволни од моменталната ситуација.
Што ако испланирате активности со други распар луѓе? Активности што можат да се прават групно, наместо ти + пар. По свет, каде што е посекојдневно, користат и апликации како Meetup, ако немаат доволно сингл луѓе во животот.
И ако преовлада силната негативна емоција, свесно избркајте ја. Терапевтите имаат и чекори:
- Разјаснете си дека е само момент на болка. Кажете си ако треба: „Осамен/а сум“, или „Завидувам.“
- Препознајте го фактот дека не сте само вие. Макар и сите најблиски да ви се во врска, има уште милиони како вас во светот.
- Одвојте момент да си посакате среќа и исполнетост.
Човечки е повремено да се почувствувате изоставени, завидливи или на кој и да е начин даун кога сите околу вас имаат партнер, но со вистинските алатки, подготовките за не-баш-најсреќни моменти се полесни.
Ова за тие што баш-баш сакаат да се во врска. А, што ако ја завртите работата на глава и ви текне дека сингл е другата, занемарена страна од една одлична паричка? Колку бенефити во врска, толку бенефити сингл. Само треба noise cancellation oд напорниот маркетинг на паровите.