Го видовте спотот на Ким Кардашијан за „Santa Baby“?

Ким извади спот за нејзина верзија на песната Santa Baby со Меколи Калкин како Дедо Мраз и луѓето не знаат што да мислат.

„Ѓаволот го има направено ова“, е еден од коментарите за видеото кое Ким Кардашијан го снимаше за време на една епизода од реалното шоу. Продуцент е зетот Тревис Скот.

Почнува со како Ким зјапа во камерата, нешто унередена како после многу опојни средства и алкохоли, во атмосфера што изгледа собрана од халуцинациите на Џек Торанс од „Сјаење“, па лази по цела куќа, додека во позадина се снимени референци на знајни и незнајни моменти од декадентниот дел од поп-културата. Секоја сцена е побизарна од претходната и допаѓало или не, целта е постигната. Луѓето се роеја да кажат мислење и главно заклучокот е „ВТФ“.

Кардашијан уште нема искоментирано ништо околу инспирацијата и значењето на спотот.

Еве го, на граница меѓу уметничко и „имаше ли потреба“. За крајот, сепак, треба да им се пружи рака.

26 декември 2024 - 10:07