Сте виделе ли вие женско?

Папараци ја сликале Сидни Свини во нејзиниот сопствен двор, покрај базен, во бикини, значи дома - и мажи по интернет, замислете, не се задоволни. Мид била.

„Мид“ е понов термин за просек, ништо посебно, и луѓето со особено задоволство им го посветуваат на глумици како Сидни Свини. Еве и да не сте фасцинирани од нејзиниот изглед, знаете кој друг беше „мид“?

Марго Роби.

И тоа е сè што треба да знаете за овие коментирачи по интернет.

На сликите е нели (дома е!) без фризура, во обично виолетово бикини и нели (уште еднаш, дома е) без шминка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Daily Mail (@dailymail)

И вака ќе кажат:

„Пребледа е и треба да ослабне некое кило во средината. Ништо атрактивно нема кај неа.“

„Која и да е оваа, има ужасно тело.“

Ја нарекуваат и „кетфиш“, дека ја лажела публиката со згодни слики од црвен тепих, како да нема разлика од шуткање по сопствениот двор и појавување на настан после часови поминати во средување.

Марго Роби пак им стана „ништо посебно“ некаде пред да почне прес-турнејата за „Барби“. А, не ѝ простија ни кога забремени прв пат.

Свини само си ги собра реакциите и си направи компилација на Инстаграм.

Патем:

А, сега замислете како би можело да изгледаат незадоволните твитерџии.

24 декември 2024 - 09:57