Со милениуми, различни култури - меѓу нив и египетска и келтска - ја славеле зимската рамноденица со зимзелени дрвја. Римјаните дури користеле зимзелени растенија за време на зимската Сатурналија, чиј датум од прилика се поклопува со католичкиот Божик.
Христијаните адаптирале многу голем дел од паганската традиција за сопствени потреби. До 16 и 17 век, Германците веќе украсувале зимзелени дрвја во затворен простор и традицијата станала популарна благодарение на преселбите во други делови од светот.
Се китело со благца и свеќи, но свеќите станале веќе опасни, па како алтернатива, иноваторот Едвард Џонсон, кој бил и партнер во компанијата на Томас Едисон, развил електрични светилки за елките уште во 1880-те. Сепак, не биле користени масовно сè додека не станала струјата поевтина во 1920-те.
За ѕвездите што ги ставаме на врвот сепак тврдењето е дека се оригинално христијански симбол, односно ѕвездата од Витлеем. Како пентаграм е секако постара од христијанството, но како што пишува во Евангелието по Матеј, блескава ѕвезда се појавила на ноќното небо што ги довела тројцата мудреци во Витлеем, кај бебето Исус.
Ќе почекаме сега до Бадник, кога ќе се разврзат зналачките дискусии дали коледе и зошто не, и дали ќе ги повлечат и елките во обид на отфрлање на паганското.
Вие накитивте?